Бигмак е компанија основана во 1989 година, чија приказна успешно дејствува на пазарот на градежништвото повеке од 30 години.
Од почетокот, па се до денес, компанијата е фокусирана на квалитетно, успешно и навремено извршување на производите и услугите кои ги нуди, со постојано зголемување на иновациите и начинот на работа.
Многубројните проекти и довербата на клиентите е клучот до успехот и напредокот во секторот на градежништвото.
Нашиот стручен и постојан тим ке Ви овозможи понатамошни долгогодишни соработки.
Во текот на сите овие повеке од 30 години, со огромен труд и чесна работа Бигмак стана водечка фирма во областа на производство, продажба и монтажа на профилирани ребрасти лимови, комплетна лимарска галантерија и елементи од лим, челични конструкции,
производство на контејнери, монтажа на соларни и фотоволтаични системи и други производи и услуги. Денес компанијата брои 50 вработени, 20 постојани кооперанти, погон со повеќе работилници, современи машини и свој возен парк.
Нашиот машински парк е современ и опремен со најнапредната технологија, што ни дава можност да произведуваме висококвалитетни производи и услуги за нашите клиенти.Нашите високопрецизни машини ни даваат можност да работиме сонајразлични материјали и дебелини, што ни дава широк спектар на
можности за изработка на производи и услуги. Веруваме дека нашиот машински парк е еден од нашите главни конкурентски предности и дека тоа е еден од главните фактори за успехот и растот на нашата компанија.
Roll forming машина со профил на БИГМАК ТR 60/210 за профилирање на лимот по желба на нарачателот. Бојата на лимот е избор на нарачателот.
Roll forming машина со два БИГМАK профила TR 32/198 и TR 17/138, на која може да се врши профилирање на сите лимови на неограничена должина со точност во дел од милиметарот. Бојата на лимот е по изборот на нарачателот.
Roll forming машина со профил на БИГМАК ТR 4/75 за профилирање на лимот во неограничени должини по желба на нарачателот. Бојата на лимот е избор на нарачателот.
Апканти за изработка на лимена галерија:олуци, слемиња, ветерлајсни, иксни и други елементи од лим до 8 метра.
БИГМАК поставува ФИЛЦ-антикондензант платно на лимовите со машинско лепење.
Машина за надолжно сечење на лим (слитување) до дебелина од 2 mm и ширини на ленти дадени од нарачателот.
Компанијата Биг Мак е официјален дистрибутер на следниве брендови
Во БИГМАК сме посветени на тоа да ги задоволиме потребите на нашите клиенти и да ги исполнуваме сите стандарди и законски барања. Затоа, нашата компанија има целосно соодветни лиценци и сертификати за извршување на своите услуги и производи. Нашите лиценци и сертификати гарантираат дека работиме во согласност со
стандардите на квалитет, безбедност, заштита на животната средина и др. Со овие лиценци и сертификати, нашите клиенти можат да бидат сигурни дека ќе добијат висококвалитетни производи и услуги, исполнети во согласност со најстрогите стандарди.